речник контакт

Зошто се уништува урбаната опрема?

За два дена уништени две јавни чешми

Петар Печков

Изминатиот викенд на две различни локации од градот, се случија идентични инциденти. На чешмата кај Уред, подарок од турското семејство Сарач за велешани, беше украдена славината.

Следниот ден, на другиот крај до градот, на игралиштето во населба Тунел, беше уништена јавната чешма.  Сторителите не се позатни, но останува дилемата зошто некои лица имаат таква желба да уништуваат урбана опрема, која им користи и нив но и на останатите велешани и гости во градот.

Од локалната самоуправа најавија дека ќе постават нови чешми, но не можат да ги штитат истите ако самите не ги чуваме. Бидејќи се наменети за нас, граѓаните.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »